• недела, 22 септември 2024

Либански медиуми: За еден час израелските ВВС извршиле 111 воздушни напади врз Либан

Либански медиуми: За еден час израелските ВВС извршиле 111 воздушни напади врз Либан

Бејрут, 21 септември 2024 (МИА) - Израелските авиони извршиле вкупно 111 воздушни напади за еден час, јавија либанските медиуми

Нападите биле извршени помеѓу 13:30 часот. и 14:30 часот локално време.

„Авиони на израелскиот непријател извршија серија насилни воздушни напади врз областите во Набатиех, Иклим ал-Туфах и Западна Бекаа“, јавија локалните медиуми.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека денеска биле погодени околу 180 цели во јужен Либан. Според ИДФ, околу 90 проектили биле истрелани од Либан кон Израел. зш/

Остани поврзан