• сабота, 21 декември 2024

Хезболах со ракети ја погоди Хаифа

Хезболах со ракети ја погоди Хаифа

Бејрут, 7 октомври 2024 (МИА) - Ракети на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата.

Хезболах соопшти дека гаѓал на воена база јужно од Хаифа со проектил „Фади 1“.

Медиумите јавуваат дека две ракети паднале на Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале на Тиберија, на 65 километри.

Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница.

Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.

Во текот на изминатите неколку часа, воздушни напади ги погодија магацините за оружје на Хезболах во областа Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.

Воздушните напади, исто така, погодија цели на Хезболах во јужен Либан и во областа Бека, вклучувајќи складишта за оружје, инфраструктурни локации, команден центар и фрлач, соопшти војската. Таа го обвини Хезболах дека намерно ги става своите командни центри и оружје под станбени згради во срцето на градот Бејрут и го загрозува цивилното население. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан