Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист
- Дел од локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е поголем, стравувајќи дека станува збор за 11 мртви и над 60 повредени.
Магдебург, 20 декември 2024 (МИА) - Човекот уапсен по денешниот напад на божиќниот пазар во Магдебург претходно не бил на радарот на органите на редот како познат исламист, велат безбедносни извори за германската новинска агенција ДПА.
Според првичните сознанија, мажот е на возраст од околу 50 години и е од Саудиска Арабија.
Автомобил влета во божиќниот пазар во близина на градското собрание вечерва, при што според властите загина најмалку едно лице, а повредени се повеќе од 20 други.
BREAKING 🚨 🚨 🚨
— Isolated Incidents (@diversity999x) December 20, 2024
First footage of the aftermath at Magdeburg Christmas market where a car has ploughed through the barriers and injured several people. pic.twitter.com/p86VzSUHX3
Дел од локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е поголем, стравувајќи дека станува збор за 11 мртви и над 60 повредени.
Болницата во Магдебург соопшти дека е ставен во режим на настан за масовен број жртви и дека првите 20 лице веќе медицински се третираат. ссм/
фото: ДПА