• понеделник, 29 април 2024

Хезболах истрела десетици ракети врз северен Израел

Хезболах истрела десетици ракети врз северен Израел

Бејрут, 12 април 2024 (МИА) - Либански Хезболах објави дека го погодил северниот дел на Израел со десетици ракети Катјуша, гаѓајќи артилериски позиции.

Во соопштението, либанската група рече дека истрелала десетици ракети Катјуша врз артилериските позиции на Израелските одбранбени сили во северен Израел.

На северот на земјата се огласија неколку сирени за предупредување за ракети. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како неколку пресретнувачи на ракети „Железна купола“ погодуваат очигледен ракетен бараж.

– Во знак на поддршка на палестинскиот народ и отпорот во Газа и во светло на израелската агресија врз различни села во јужен Либан, Исламскиот отпор продолжи со нападите врз ционистичките окупациски локации во близина на границата со Либан – соопшти претходно Хезболах. ссм/

фото: архива

Остани поврзан