• четврток, 21 ноември 2024

Францускиот министер за надворешни работи повика на поголема соработка за европската одбрана

Францускиот министер за надворешни работи повика на поголема соработка за европската одбрана

Берлин, 28 април 2024 (МИА) - Посилна европска соработка во одбраната ќе дејствува како „втора полиса за животно осигурување“ заедно со НАТО алијансата, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне.

Во интервју за германскиот дневен весник Дивелт, Сежурне повика на поголема „стандардизација на вооружените системи на европско ниво“.

Според него, тоа не значи „конкурентни стандарди“ во НАТО, туку „зајакнување на европскиот столб“ на воената алијанса.

„Развојот на европската одбранбена индустрија не треба да биде замена, туку дополнување“ на НАТО...Мораме да склучиме втора полиса за животно осигурување заедно со НАТО“, рече тој. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан