• вторник, 23 јули 2024

Хамнеи: САД се одговорни за кризата во Авганистан

Хамнеи: САД се одговорни за кризата во Авганистан
Техеран, 29 август 2021 (МИА) - САД се одговорни за кризата во Авганистан, кои ја нападнаа земјата пред 20 години, изјави духовниот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи на средба со членовите на новата Влада на претседателот Ебрахим Раиси. Тој истакна дека довербата во минатата иранска влада била намалена и оти новиот кабинет треба да ја поправи ситуацијата. Ајатолахот Хамнеи ја потенцира важноста од водење активна надворешна политика и ја истакна потребата од зајакнување на економијата, пред се развивање на трговските односи, пред се со соседните држави. Тој се осврна и на почитувањето на нуклеарниот договор, истакнувајќи оти САД се однесуваат „бесрамно“. - Тие (САД) се однесуваат како Иран да се повлекол од договорот, иако Вашингтон го отфрли договорот пред целата светска заедница. Тие се потсмеваат на преговорите и Европејците се однесуваат на ист начин како и САД, посочи Хамнеи. ми/  

Остани поврзан