Хамас: Нема да има делумна размена на заложници ако пропаднат преговорите
- Портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеида, во снимен говор изјави дека „не ветува повторно поднесување на нацрт за делумен договор и понуда за ослободување на десет затвореници (заложници) доколку Израел се повлече од тековните преговори“.
Газа, 18 јули 2025 (МИА) – Портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеида, во снимен говор изјави дека „не ветува повторно поднесување на нацрт за делумен договор и понуда за ослободување на десет затвореници (заложници) доколку Израел се повлече од тековните преговори“.
Во својот прв снимен говор по четири месеци, Абу Обеида рече дека Хамас постојано нудел сеопфатен договор за ослободување на сите заложници во изминатите недели, но Нетанјаху одбил.
Во исто време, висок израелски функционер изјави дека Хамас „ја одолговлекува“ размената на заложници на преговорите во Доха.
- Израел е подготвен да ги доведе преговорите со Хамас до крај, но одбивањето и одолговлекувањето предизвикуваат сомнежи за сериозноста на Хамас, изјавил функционерот.
Според истиот извор, Хамас „мисли дека времето е на негова страна“. Сепак, тој нагласи дека тековните операции на ИДФ во Газа се доказ дека времето е во полза на Израел, пренесе Тајмс оф Израел. јт/
Фото: МИА архива