Израел ќе ги интензивира копнените операции во Либан
- Израелската армија ќе ги интензивира копнените операции и напади во Либан, изјави началникот на ГШ на ИДФ
Тел Авив, 22 март 2026 (МИА) - Израелската армија ќе ги интензивира своите копнени операции и напади во Либан, изјави вечерва началникот на Генералштабот Ејал Замир.
„Операцијата против терористичката организација Хезболах штотуку започнува. Тоа е долга операција и ние сме подготвени за неа“, нагласи Замир во соопштение.
„Се подготвуваме да ги интензивираме целните копнени операции и напади. Нема да застанеме се додека заканата не се оддалечи од границата и не се гарантира долгорочна безбедност за жителите на северен Израел“, рече и началникот на Генералштабот на израелската армија. зш/