• сабота, 21 декември 2024

Хаким Буџаку, нов претседател на татковинското друштво „Дибра" во САД

Хаким Буџаку, нов претседател на татковинското друштво „Дибра

Дебар, 7 октомври 2024 (МИА) - За  нов претседател на татковинското друштво „Дибра" на дебрани во САД, е избран Хаким Буџаку, роден во САД, чии  родители, се иселиле од Дебар пред повеќе од три децении.

Тој доаѓа на местото на Дашнор Мифтари, кој на изборното собрание поднесол извештај за активностите на друштвото во изминатиот период.

- Досегашниот претсдател,  Мифтари, ги презентираше активностите реализирани заедно со Управниот одбор, кои дадоа одличен придонес во активностите меѓу дебарската заедница во Америка, како и во родниот Дебар. Додаде дека, наспроти празната каса која ја затекнале,  на новото  раководство му оставаат буџет од речиси 95.000 долари, објави друштвото на Фејсбук.

Додава дека новиот претседател, според статусот, сега треба да го избере новиот управен одбор.

- Она што посебно треба да се истакне е фактот што оваа асоцијација за првпат ќе ја раководи втората генерација на дебрани  во Америка и се очекува да биде модернизација и да внесе нова енергија. Новиот претседател Буџаку, се заблагодари на довербата и вети, меѓу другото, активности тука меѓу дебарската дијаспора, но и поддршка и помош и за Дебар, посочуваат од друштвото.

Друштвото „Дибра" е основано во 90-ти години од минатиот век,  кога почнала помасовната миграција на дебрани кон САД. вт/дма/


Фото: ТД „Дибра"

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан