• среда, 26 јуни 2024

ФТУ од Охрид ќе соработува со Центарот за истражување на Универзитетот за технологија во Далијан

ФТУ од Охрид ќе соработува со Центарот за истражување на Универзитетот за технологија во Далијан

Охрид, 17 ноември 2023 (МИА) – Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид склучи договор за соработка во делот на високото образование и науката со Центарот за истражување при Технолошкиот универзитет во Далијан, Турција.

Иницијативата е резултат на долгогодишната соработка што ФТУ ја одржува со престижниот турски универзитет, рангиран во топ 500 во светот.

Договорот што ќе се реализира во соработка со Центарот за научно истражувачка работа при ФТУ Охрид во наредните пет години предвидува академска размена, тренинзи и обуки и научно истражувачка соработка и активности. Предвидени се низа заеднички научни истражувања во делот на дигиталното образование, дигиталната економија, меѓународна комуникација и соработка во делот на културата, во рамки на иницијатива „The Belt and Road Initiative“ и во други области. аб/са/

Фото: МИА

Остани поврзан