• сабота, 11 мај 2024

Фрлен динамит во седиштето на партијата на претседателот на Боливија, нема повредени

Фрлен динамит во седиштето на партијата на претседателот на Боливија, нема повредени
Ла Паз, 6 ноември 2020 (МИА) - Нема повредени во седиштето на партијата на новоизбраниот претседател на Боливија, Луис Арса, каде што беше фрлен динамит во моментот кога одржуваше состанок. Инцидентот се случи откако десничарските групи започнаа штрајк поради резултатите од претседателските избори одржани на 18 октомври, со цел да ја парализираат државата неколку дена пред инаугурацијата на Арсе. Портпаролот на Движењето за социјализам (МАС), Себастијан Мицел по овој инцидент ги критикуваше безбедносните служб, затоа што не го штителе новоизбраниот претседател, пренесоа светските медиуми. Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес го осуди нападот на Твитер, истакнувајќи дека малите групи се обидуваат да создадат клима на конфузија и насилство, но дека нема да успеат во тоа. Арсе ги победи ривалите со 55,1 процент од гласовите. Негов главен противкандидат беше Карлос Меса, кој доби 29 проценти од гласовите, но и покрај малиот број гласови, одби да ги признае резултатите од изборите. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан