• среда, 15 мај 2024

Фрејзер – Прајс ја завршува кариерата по ОИ

Фрејзер – Прајс ја завршува кариерата по ОИ

 

Кингстон, 9 февруари 2024 (МИА) – Трикратната олимписка шампионка, спринтерката Шели – Ен Фрејзер – Прајс од Јамајка ќе се повлече од атлетиката по завршувањето на Олимписките игри 2024 во Париз, наведувајќи оти тоа ѝ го должи на своето семејство.

Фрејзер – Прајс е првата спринтерка на 100 метри која освои медали во поединечна конкуренција на четири последователни Олимписки игри.

Триумфалниот поход атлетичарката од Јамајка го почна со златниот медал во Пекинг 2008, а титулата ја одбрани во Лондон 2012.

И покрај повредата на прстот на ногата, Фрејзер – Прајс освои бронза на Игрите во Рио де Женеиро 2016, како и сребро во штафетната трка.

По породувањето во 2017 година, освои уште едно олимписко сребро и злато во штафетната трка во Токио 2021.

„Мојот син има потреба од мене, мојот сопруг и јас сме заедно уште пред да победам во 2008 година. Се жртвуваше за мене“, рече 37-годишната Фрејзер – Прајс, најавувајќи крај на кариерата по Олимпијадата ова лето во Париз. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан