Француска салата со сирење и ореви
Оваа француска салата е богата, и кремаста. Идеална е како предјадење или како прилог на свечена трпеза. Брзо се подготвува, а комбинацијата од сирење, павлака и ореви ѝ дава полн и изразен вкус.
Состојки:
- 500 грама кравјо сирење
- 2 кисели павлаки (по 180 грама)
- 500 грама шунка
- 500 грама свежи краставици
- 300 грама сечкани ореви
- 2–3 чешниња лук
- Сол по вкус (внимавајте, бидејќи сирењето е веќе солено)
Подготовка:
Сирењето убаво изгмечете го со вилушка, па додајте ги киселите павлаки и добро измешајте додека да добиете кремаста смеса.
Исечкајте ја шунката и свежите краставици на ситни коцки и додајте ги во смесата. Потоа додајте ги сечканите ореви и ситно исечканиот или изгмечен лук. Сѐ убаво измешајте. По желба, одозгора посипете уште малку сечкани ореви за декорација. Салатата е подготвена за послужување.
Фото: Фрипик