• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Франција ги осуди израелските напади врз Либан, Макрон најави разговори со Трамп и Нетанјаху

Франција ги осуди израелските напади врз Либан, Макрон најави разговори со Трамп и Нетанјаху

Париз, 28 март 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема никакво оправдување за денешните израелски напади врз Хезболах во Либан и најави дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата.

- Договорот постигнат меѓу Либан и Израел денеска еднострано не беше испочитуван од Израел, без да имаме ниту информација ниту доказ за настанот што го предизвикал нападот, изјави Макрон.

Тој додаде дека непочитувањето на примирјето е „контрапродуктивно“ за безбедноста на Израел.

„Израел е пријател на Франција“, нагласи Макрон, но додаде дека тоа не го спречува Париз да критикува одредени израелски одлуки.

Францускиот претседател претходно во Париз се сретна со либанскиот претседател Жозеф Аун за да разговараат за економските реформи и стабилизацијата на Либан.

Аун изјави дека Бејрут ќе продолжи да ја гради својата армија и да го шири државниот суверенитет врз целата територија, со цел да стави крај на насилството.

- Одбиваме каков било напад врз Либан или каков било обид да се врати земјата во циклусот на насилство, изјави Аун на заедничката прес-конференција со Макрон.

Меѓутоа, по израелските напади, „Хезболах“ соопшти дека откажала планиран собир во јужните предградија на Бејрут, каде што лидерот на движењето требаше да одржи говор по повод Денот „Ал Кудс“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан