• сабота, 27 април 2024

„Форум за еднаквост и различност“ во Кавадарци

„Форум за еднаквост и различност“ во Кавадарци

Кавадарци, 28 март 2024 (МИА) - ,,Форум за еднаквост и различност“ се одржа денеска во Кавадарци,  дел од серија на форуми за еднаквост и различност што ќе се одржат во седумнаесет општини на територијата на Република Северна Македонија. 

На средбата беше кажано дека овие форуми ќе служат како клучни платформи за дијалог и соработка, со цел да се поттикне инклузивноста и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници.


- Форумот има за цел консултација со граѓаните на темите родова рамноправност, борба против дискриминација и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, беше нагласено пред присутните. 

Форумите за еднаквост и различност се дел од проектот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“. 

Теа Зографска, програмски менаџер во Националниот Совет за родова рамноправност, информираше дека проектот е финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, спроведуван од 
Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус и Асоцијација за демократски
иницијативи (АДИ) – Гостивар. свд/


Фото : МИА 

Остани поврзан