• среда, 05 март 2025

Форумот на жени на СДСМ ќе организира осмомартовски марш

Форумот на жени на СДСМ ќе организира осмомартовски марш

Кавадарци, 5 март 2025 (МИА) -  Форумот на жени на СДСМ организира осмомартовски марш под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.

За ова денеска информираше претседателката на Форумот, Даниела Колева од Кавадарци. 


- Форумот на жени на СДСМ поканува на традиционалниот осмомартовски марш, по повод Меѓународниот ден на жената. Овој марш е нашиот глас, со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка. Да покажеме што значи да бидеме заедно и обединети, соопшти Колева. 

Таа појасни дека осмомартовскиот марш ќе се одржи на 8 Март, сабота, во Струмица. Маршот ќе почне во 12 часот, на кружниот тек кај улица „Ленинова". свд/хс/


Фото: Плакат за настан и Фејсбук на Даниела Колева 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан