• четврток, 17 јули 2025

,,Ајде да се дружиме" - Завршен настан по повод крај на учебната година во Берово

,,Ајде да се дружиме

Берово, 13 јуни 2025 (МИА) - Во организација на Општина Берово, вечерва под мотото „Ајде да се дружиме“ вечерва во Берово се организира традиционален настан по повод  завршувањето на учебната 2024/2025 година. Во рамки на настанот за учениците кои успешно го завршија своето основно и средно образование, Општина Берово им додели парични награди од по 5.000 денари.
 
- Во организација на Општина Берово, а во соработка со ОЈУДГ „23 Август“, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, ООУ „Никола Петров Русински“ и ОСУ „Ацо Русковски“, ја  заокружуваме учебната 2024/2025 година, низ пофалби, музика и забава. Во центарот на настанот се учениците кои успешно го завршуваат своето основно и средно образование, на кои Општина Берово им доделува парични награди, по 5.000,00 денари. Овој настан,  е израз на почит кон трудот и дисциплината на младите, но и поттик за идните генерации да се стремат кон високи постигнувања, истакнаа од Општина Берово.

Програмата  започна со настап на децата од детската градинка „23 Август“, по што  следуваа изведби од ученици од основните и средното образование.

Свое обраќање пред присутните, имаше градо ачалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој им посака на учениците постигнување на уште  поголеми успеси во иднина.

-Вложуваме во младите, вложуваме во иднината им ги  честитаме успесите на сите ученици, родители и наставници, и го прославуваме трудот, успесите и заедништвото, рече Пекевски.

Вечерта насловена Ајде да се дружиме ќе кулминира со настап на Антониа Гиговска и Ике де Кока. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан