• вторник, 22 октомври 2024

„Фолклорот наша идентитеска приказна“ предавање за студентите за штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

„Фолклорот наша идентитеска приказна“ предавање за студентите за штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 22 октомври 2024 (МИА) – Културата е движечка сила за духот на еден народ, а ние во држвата имаме огромно фолклорно богатство, што значи Македонецот може да се пофали и во светски рамки, истакна Иван Котев познатиот маекедонски фолклорист пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. „Фолклорот наша идентитеска приказна“ беше насловот на денешното предавање, на кое присуствуваше и универзитетскиот професор, Горанчо Ангелов, професор на музичката академија при УГД.

- Без култура, без народ, без територија нема држава. Значи културата е движечка сила на духот на еден народ. Ние тука во нашиот регион имаме огромно фолклорно богатство, не само песни, приказни, легенди, преданија, поговорки пословици, туку имаме и материјална култура, многу јака, а тоа се домашни ткаенини, изработки, музички инструменти и целото тоа нешто што го изработува еден народ свој и самобитен, изворен. Значи нашиот народ од овој крај, може да се пофали во светски размери, изјави Котев.

Професорката на катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, Ана Витанова Рингачева, истакна дека студентите од овој факултет имаат предмет митифолклор, што значи дека тие имаат базични познавања за тоа што значи македонскиот фолклор.

-Студентите на македонистика на катедрата македонски јазик и книжевност го учат предметот митифолклор што значи тие имаат базични познавања за тоа што значи македонскиот фолклор, рече Витанова Рингачева.

Фолклорот е од големо значење за една држава, согласен е и професорот на музичката академија Горанчо Ангелов, кој вели дека фолклорот постои, ќе постои се додека се создава.

-Па веќе како што рекоа моите колеги, фолклорот е лепеза на народното творештво и подразбира дека сите овие елементи на свој начин имаат свој придонес за таа идентитетска идентификација. Фолклорот постои, ќе постои се додека се создава но и поддржува и како трето додека се пренесува тоа фолкорно творештво, изјави Ангелов. вдј/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан