• вторник, 05 ноември 2024

ФК Беласица обвини за физички напад врз нивни тренер пред денешниот натпревар со Локомотива Пехчево

ФК Беласица обвини за физички напад врз нивни тренер пред денешниот натпревар со Локомотива Пехчево

Скопје, 8 март 2023 (МИА) – Од фудбалскиот клуб Беласица попладнево соопштија дека нивниот тим и членови на стручниот штаб се физички и вербални нападнати на стадионот на Фортуна од Сингелиќ каде требаше да го играат натпреварот со Локомотива Пехчево.

 

- Скандал  пред почетокот на натпреварот од Втората македонска фудбалска лига ФК Пехчево Скопје - ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот! – стои во објавата на Беласица.

 

Натпреварот требаше да се игра од 14 часот и според најавите од гостинскиот табор, фудбалерите на Беласица одбиваат да истрчаат на теренот под вакви околности. зс/

 

Фото: Фејсбук ФК Беласица

Остани поврзан