• недела, 22 декември 2024

ФИФА ја одложи одлуката за Израел

ФИФА ја одложи одлуката за Израел


Цирих, 19 јули 2024 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одложи одлуката за палестинското барање за суспендирање на Израел од меѓународниот фудбал по завршувањето на Олимписките игри во Париз.
ФИФА објави дека двете страни побарале повеќе време за да ги достават своите ставови.
Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз (ПФА) побара од ФИФА да го суспендира Израел поради „геноцидот што го врши во Газа“, а ова барање беше поддржано од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
„По барањето за продолжување на рокот од двете страни, кое беше одобрено од ФИФА, потребно е повеќе време за да се заврши овој процес со должно внимание и комплетност“, објави ФИФА на својот профил на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека правната проценка ќе биде позната до 31 август.
Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до август, а Израел се пласираше на машкиот фудбалски турнир.
Пред неколку дена, група адвокати специјализирани за меѓународно право ја повикаа ФИФА да му забрани настап на Израел да игра поради кршење на неколку статути на ФИФА поврзани со човекови права и хуманитарни цели. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан