• сабота, 18 мај 2024

Фирмите од МКБ може да добијат информации за над 200 милиони компании од 230 земји

Фирмите од МКБ може да добијат информации за над 200 милиони компании од 230 земји
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Македонското кредитно биро во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет достапни на англиски јазик. Меѓународните извештаи, како што информираат од МКБ, нудат можност да се намали ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери. Овозможуваат брз и ефикасен увид во деловната и финансиска способност на странската компанија и го олеснуваат деловното одлучување. Содржината на извештаите се разликува во зависност од земјата од која пристигнуваат информациите за компанијата, а истите содржат детални финансиски податоци, профил на компанијата, кредитна оцена, процена на ризик, управувачка и сопственичка структура, историја на промени, негативни настани, банкарски сметки, регистарски информации, подружници и канцелариии. Овој извештај може да го добие која било компанија од државава со пополнување барање за меѓународен извештај на https://mkb.mk/. Извештаите се добиваат истиот ден или во рок од 2 до 10 дена, во зависност од земјата од која пристигнуваат информациите за компанијата. Повеќе информации за меѓународните извештаи на https://mkb.mk/megunarodni-izveshtai/.скс/лв/  

Остани поврзан