• недела, 22 декември 2024

Филков: Ефикасниот правосуден систем е  клучен фактор за владеењето на правото

Филков: Ефикасниот правосуден систем е  клучен фактор за владеењето на правото

Скопје, 6 ноември 2034 (МИА) - Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.

Филков истакна дека ефикасниот правосуден систем е клучен за владеењето на правото и за борба против криминалот и корупцијата, како и за гарантирање на основните човекови права и слободи. 

- Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството. Тоа не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку исто така и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата, и гаранција за основните човекови слободи и права, рече тој.

Министерот подвлече дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права. 

Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство. 

Темата на 15. Сесија на Работната група 3 , Правосудство и темелни права е „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“ од која ќе произлезат повеќе работни обврски за подобрување на состојбите. ар/ев/

ФОТО: МИА Најави

Остани поврзан