Петрушевски: Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?
- СООПШТЕНИЕ - Очигледно е дека СДС одбраа да тонат заедно со Артан Груби, наместо да се извинат за тоа што овозможија тој да ја ограби Македонија.
22 јануари 2025
Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?
Очигледно е дека СДС одбраа да тонат заедно со Артан Груби, наместо да се извинат за тоа што овозможија тој да ја ограби Македонија.
СДС 7 години го толерираше Груби и овозможи со тоа тој да направи систем за грабеж на државата.
Артан Груби се најде и на црната листа на САД, каде имаат информации за криминал на Груби, а Оливер Спасовски кој беше МВР во Македонија немаше информации.
Повеќе од јасно е дека СДС му го чуваше грбот на Груби, кој им беше гарант дека владата нема да падне.
СДС и сега со Филипче го чува Груби, иако е не јасно кои се мотивите. Врската на СДС со Груби уште е цврста и тие немаат намера да се откажат од него.
Линк од видео материјал
https://www.youtube.com/watch?v=KIeBgOkLvWA
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.