• сабота, 22 февруари 2025

ДУИ реагира за измената на Законот за заштита на децата

ДУИ реагира за измената на Законот за заштита на децата

22 јануари 2025

Систематско понижување на статусот на албанскиот јазик! Вреди ќе носат историска одговорност за ова предавство. 

Вчера, нелегитимната Влада го прекрши не само Уставот на Република Северна Македонија, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците. 

Усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се прекршува основниот статус на албанскиот јазик како службен во оваа држава. 

Оваа одлука е чекор назад и целосно прекршување на стандардите за еднаквост и правата гарантирани со Уставот и меѓународните закони.  

Албанскиот јазик е неприкосновено право и не може да биде третирано како опција која се нуди само по барање. 

Оваа измена на законот претставува неприфатлив и штетен чин за иднината на меѓуетничките односи. 

ДУИ има јасен став по однос на оваа прашање: нема да прифатиме никакво намалување на статусот на албанскиот јазик, ниту еден чекор што ги нарушува правата на Албанците и никакви обиди за напредување на оваа антиалбанска агенда. 

Оваа измена на законот претставува директна интервенција во статусот на албанскиот јазик. 

Потсетуваме дека Владата мора веднаш да ја исправи оваа грешка и да постапи согласно Уставот и Охридскиот договор.  

ДУИ ќе продолжи да остане цврсто посветена на заштита на правата на Албанците, за да обезбедиѓе дека службените јазици ќе се третираат со истиот почит и еднаквост, како што е предвидено со законите на оваа држава.  

Исто така, им упатуваме повик до партијата на кослицијата влен , да престанат веднаш со помагањето на ова понижување и деградација на статусот на албанскиот јазик. 

Влен ќе ја сноси историска одговорност за оваа предавство, бидејќи ниедна привилегија на власта не може да го оправда учеството во овие акти што ги повредуваат достоинството и правата на Албанците.

Изјава на Арта Билали Зендели - ДУИ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

 

Остани поврзан