• сабота, 22 февруари 2025

Герасимовски: Донесовме препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на настава

Герасимовски: Донесовме препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на настава

22 јануари 2025

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.

„Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот. Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Tik Tok и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво“, вели Герасимовски.

Овие насоки се донесени врз основа на препораките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.  Истражувањата на кои се повикува УНЕСКО покажуваат дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат особено негативно влијание врз децата кои имаат потешкотии во учењето. Дополнително, децата повеќе разговараат меѓусебно и се дружат, што ја поттикнува социјалната интеракција.

Општина Центар ќе продолжи да работи на подобрување на условите за едукација и воспитување на младите, обезбедувајќи балансирано и здраво опкружување за нивниот развој.

Општина Центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан