• четврток, 21 ноември 2024

Филипче ќе присуствува на промоцијата на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица

Филипче ќе присуствува на промоцијата на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица

Струмица, 11 септември 2024 (МИА) – Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ќе присуствува на промоцијата на нови електрични автобуси за градски превоз во Струмица.

Како што информира СДСМ, настанот ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица со почеток во 12 часот, по што предвидено е Филипче да даде изјава за медиумите. 

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претходно во кругот на Аутомакедонија во Скопје рече дека Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор. 

Првиот месец, додека трае тест периодот возењето во градскиот превоз ќе биде бесплатно. Во сообраќај ќе бидат пуштени 10 електрични автобуси, набавени на лизинг, за коишто општината ќе плати седум милиони евра. ра/мд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан