• среда, 26 јуни 2024

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

26 јуни 2024

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кисела вода и Штип истакна дека СДСМ мора да учи од грешките, а идниот претседател е должен тие никогаш да не се повторат.

„Историјата е нашиот најголем учител, но само ако избереме да учиме од неа. Иднината на СДСМ ќе остане заложник на минатото ако не направиме суштински промени. Ако бидам избран за претседател, моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат“ - истакна Филипче.

Тој рече дека како претседател ќе води со пример и ќе се заложи за обединување на партијата преку взаемно почитување и давање глас на членовите.

„Новото раководство на СДСМ ќе делува суштински различно од сите претходни. Ќе водиме со пример, со многу чувство и емпатија за да осигураме дека секој член се чувствува ценет и слушнат. Сила на обединување ќе бидат другарството, еднаквоста и взаемното почитување. Само така од СДСМ ќе направиме вистинско семејство“ - рече Филипче.

Венко Филипче

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан