• вторник, 24 декември 2024

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Скопје, 5 ноември 2024

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“ стои во честитката на Филипче.


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан