• понеделник, 23 декември 2024

Филипините, САД, Јапонија и Австралија подготвуваат заеднички поморски вежби

Филипините, САД, Јапонија и Австралија подготвуваат заеднички поморски вежби

Манила, 4 април 2024 (МИА) - Филипините ќе организираат заеднички поморски вежби со САД, Јапонија и Австралија, соопштија денеска два дипломатски извори, додавајќи дека вежбите се одржуваат како дел од зајакнувањето на воената соработка поради зголеменото влијание на Кина во тоа подрачје.

Вежбите се планирани за недела во Јужното Кинеско Море, поморска област над која Пекинг смета дека има речиси целосен суверенитет.

Вежбите ќе се одржат неколку дена пред самитот во Вашингтон на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на Филипините и Јапонија.

Австралискиот воен брод „ХМАС Варамунга“ пристигна во текот на неделата во филипинската провинција Палаван, во близина на спорната поморска зона.

Целта на посетата е „зајакнување на воените односи со земјите партнери“, соопшти филипинската војска, додека дипломатски извори сакаа да останат анонимни, бидејќи поморските вежби се уште не се официјално најавени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан