Фамелос од Рамала: Веднаш да запре геноцидот во Газа
- Од Рамала ги здружуваме нашите гласови со сите прогресивни граѓани на светот, со сите Европејци, со сите Грци. Веднаш да запре геноцидот во Газа, да се отвори коридор за хуманитарна помош и да започнат преговори за решение со две држави со границите од 1967 година, како што одлучи ОН, порача лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос во видеото објавено на социјалните мрежи по средбите во Рамала, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 6 јуни 2025 (МИА) – Од Рамала ги здружуваме нашите гласови со сите прогресивни граѓани на светот, со сите Европејци, со сите Грци. Веднаш да запре геноцидот во Газа, да се отвори коридор за хуманитарна помош и да започнат преговори за решение со две држави со границите од 1967 година, како што одлучи ОН, порача лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос во видеото објавено на социјалните мрежи по средбите во Рамала, јави дописничката на МИА од Атина.
Фамелос ја предводеше делегацијата на СИРИЗА што оствари средби со потпретседателот на палестинската управа, со министерот за надворешни работи и прашања, како и со претседателот на палестинскиот национален совет.
Како што соопштија од партијата, Фамелос ја изразил поддршката за палестинскиот народ, нагласил дека геноцидот мора веднаш да се запре, да се ослободат сите заложници, а ја истакнал и потребата од непречен проток на хуманитарна помош до Газа
По средбите, преку видеото лидерот на грчката опозициска партија истакна „геноцидот во Газа е злосторство и целото човештво го гледа“, дека нивниот предлог е еден и се однесува на сите, односно дека е потребно „државата Палестина да биде признаена“, но и дека „никој не може да молчи бидејќи молчењето е соучество“ и посочи дека „Грција и Европа треба да ги преземат своите одговорности“. ср/ссм/
Фото: СИРИЗА