Утре без струја дел од Ѓорче Петров и Студеничани
- Како што соопшти РЦУК Скопје, од 9.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Воин Драшкоци“, „Ибе Паликуќа“ и школото ПООУ „Димитар Поп Беровски“ во општина Ѓорче Петров.

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Студеничани.
Како што соопшти РЦУК Скопје, од 9.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Воин Драшкоци“, „Ибе Паликуќа“ и школото ПООУ „Димитар Поп Беровски“ во општина Ѓорче Петров.
Утре, од 9.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од село Горно Количани во општина Студеничани. дма/са/
Фото: МИА архива