• среда, 26 јуни 2024

Утре без струја дел од општините Шуто Оризари и Сопиште

Утре без струја дел од општините  Шуто Оризари и Сопиште

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Шуто Оризари и Сопиште.

Како што соопштуваат од РЦУК Скопје, во периодот од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Индира Ганди“, дел од ул. „Хаџи Јован Шишков“, ул. „Тиквешка“, амбулантата и градинката „8-ми Април“ во општина Шуто Оризари.

Утре. во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од Јаболци, Нова Брезница, Патишка река, Држилово, Црн врв, Елово Осинчани, Малчиште, Рудопроект, Карст, Говрлево, село Јаболци, Горно Соње , Долно Соње, Ракотинци, Добри Дол, Општина Сопиште во општина Сопиште. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан