• вторник, 25 јуни 2024

Швајцарска донација за ТППЕ Берово

Швајцарска донација за ТППЕ Берово

Берово, 25 јуни 2024 (МИА) - Општина Берово обезбеди швајцарска донација за  унапредување на системот за противпожарна заштита, информираше градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски. Тој заедно со делегација од општина Берово престојува во Швајцарија, каде што ја прими донацијата, противпожарна скала, што ќе биде дополнителна опрема за Територијалната противпожарна единица од Берово во борбата со справување со пожарите.
 
-Преку донација од Швајцарската фирма Chatel-Saint-Denis, го унапредуваме системот за противпожарна заштита во Берово
Новата противпожарна опрема, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина, истакна Пекевски.

Швајцарија како што додаде долги години е  поддржувач на Берово, во областа на заштита и зачувување на природата.

- Се надевам дека и оваа донација ќе биде од голема корист во справувањето со елементарни непогоди. Упатувам благодарност за донацијата, која ќе ни помогне во ефикасната противпожарна заштита за зачувувањето на природните ресурси, додаде Пекевски.

Изрази надеж дека ова е само почеток на  соработката која во иднина ќе се унапредува. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан