• среда, 03 јули 2024

Без вода утре улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“

Без вода утре улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) -  Без вода утре од 08:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Франклин Рузвелт“ раскрсница со бул.„Партизански Одреди“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. дма/бак/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан