• недела, 22 декември 2024

Уставен ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница" при вработување во јавниот сектор.

Уставен ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Уставниот суд ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница" при вработување во јавниот сектор.

Одлуката е достапна на следниот линк: https://ustavensud.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%ba%d0%b0/%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%be%d1%81/%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%b8-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b8/%d1%83-%d0%b1%d1%80-90-2024-2/ 

Уставниот суд вчера на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Како што образложи на прес-конференција по седницата претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека УС укинал права на заедниците.

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023). аа/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан