• понеделник, 17 јуни 2024

Управен суд расправаше по тужбата на решението за прегласувње во ИМ 1202 во Крушево

Управен суд расправаше по тужбата на решението за прегласувње во ИМ 1202 во Крушево

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Управниот суд на јавна седница денеска расправаше по тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија" за избирачкото место 1202 во Општина Крушево на Парламентарните избори 2024.

Според полномошникот на тужителот од Коалицијата „Европски фронт“ кој денеска присуствуваше на расправата, бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем од бројот на гласачи кои гласале на ова избирачко место. Тој потенцираше дека во записникот нема заведено забелешки за постапката на собирање и сумирање на резултатите, а образложението на Државната изборна коалиција (ДИК) е дека станува збор за техничка грешка од страна на Избирачкиот одбор.

Тужителите од Коалицијата „Европски фронт“ се на ставот дека записникот на гласачкото место нема ниту една забелешка, а според нив, неосновано е дека бројот на гласачи во избирачкиот список е 111.

Претставниците на ДИК предложија на судот да ја одбие тужбата како неоснована и да го потврди нивното решение како правилно и законито.

Судот одлучи да го отвори и да направи увид на целиот изборен материјал и да изврши негово пребројување за да се утврди фактичката состојба.

По извршеното пребројување од страна на судот, преброени се 101 важечки и четири неважечки ливчиња.

Во завршниот збор од Коалицијата „Европски фронт“, неспорно од самиот увид се утврди дека се неосновани констатирањата дека бројот на гласачи бил 111, кога од самото пребројување, бројот на гласачи изнесува 105.

Тие бараат од судот тужбата да се усвои, решението да се поништи, а приговорот поднесен од Коалицијата „Твоја Македонија“ од ВМРО-ДПМНЕ да се одбие.

Претставниците од ДИК упатија забелешка во делот на изброените потписи - 99 во двата изводи во Избирачкиот список. Оттаму велат дека од Избирачкиот одбор има неправилности во спроведување на гласање во избирачкото место, во погрешна графа се евидентирани гласачи со отпечаток со мастило и без потпис во левата графа, што е спротивно со упатството и прирачниците за работа на избирачките одбори за спроведување на гласовите.

Како што велат, утврдено е дека во УБИК апаратот се идентификувани 98 гласачи, а дополнително без идентификација во УБИК апратот гласале шест болни и немоќни лица.

Потенцираат дека збирот на гласачите е 104, што е спротивно на 105 потпишани во изводот што е внесен во Избирачкиот список.

Со тоа, бројот на гласачките ливчиња е поголем од бројот на гласачите кои гласале на избирачкото место, што е дополнителен основ за поништување на гласањето во избирачкото место.

Исто така, потенцираат претставниците од ДИК, бројот на отпечатоците со прсти не се совпаѓа со бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија.

Управниот суд пресудата ќе ја објави денеска во 17 часот.бт/са/

Фото; МИА Архива

 

Остани поврзан