• недела, 19 мај 2024

УНРВА соопшти дека околу 110.000 луѓе го напуштиле Рафа

УНРВА соопшти дека околу 110.000 луѓе го напуштиле Рафа

Тел Авив, 10 мај 2024 (МИА) – Околу 110.000 луѓе го напуштија Рафа на југот на Појасот Газа откако израелската армија почна да напредува кон градот, соопшти денеска Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

„УНРВА проценува дека околу 110.000 луѓе избегале од Рафа во потрага по безбедност“, објави агенцијата на X.

- Но, никаде не е безбедно во Појасот Газа и условите за живеење се страшни. Единствената надеж е итно примирје, нагласи УНРВА.

Граничниот премин Рафа кон Египет останува затворен за испорака на хуманитарна помош, информира палестинската гранична управа.

Израелската армија соопшти дека војниците се уште се распоредени во источниот дел на градот Рафа и во Ал Саитун во центарот на Појасот Газа.

Во Рафа, армијата лоцираше неколку влезови во тунели. За време на борбите на палестинската страна на преминот Рафа кон Египет, „неколку терористички ќелии беа елиминирани“, пренесе ДПА.

Остани поврзан