• сабота, 21 декември 2024

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Берлин, 19 мај 2024 (МИА) - Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан