• сабота, 18 мај 2024

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.

Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.

Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

- Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново „Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“, се додава во соопштението од Тимот на ГСД. цр/сa/

Фото: принтскрин

Остани поврзан