• вторник, 14 мај 2024

Ули Хенес потврди: Баерн и Ливерпул работат на доведување на Чаби Алонсо

Ули Хенес потврди: Баерн и Ливерпул работат на доведување на Чаби Алонсо

Леверкузен, 21 март 2024 (МИА) - Тренерот Чаби Алонсо прави чуда со Баер Леверкузен. „Фармацевтиците“ не само што ја пленија германската и европската јавност со квалитетот на играта, посветеноста, туку се и единствената непоразена екипа во ТОП 5 европските лиги во сезоната.

Голема заслуга има поранешниот ас на Сосиедад, Реал и Баерн, кој во изминатите четири години, колку што работеше како прв тренер, покажа дека е еден од најперспективните тренери на планетата. Затоа „големите“ клубови го нападнаа, медиумите со месеци пишуваа дека Ливерпул и Баерн „фрлиле око“ на него, но дури сега стигна официјална информација дека тоа е вистина.

-Клубовите како Ливерпул, Баерн и Реал Мадрид работат на доведување на Чаби Алонсо. Тој докажа дека може да биде тренер за големи работи и за долг период. Речиси и да нема тренери кои се на тоа ниво и се слободни, да немаат работа или да одмараат, изјави за „Ран спорт“ Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн.

Јирген Клоп најави заминување од Ливерпул на крајот на сезоната, истото го направи и Томас Тухел во Баерн, но од различни причини. Кој прв ќе стигне до Чаби Алонсо е тешко прашање бидејќи тој има договор со „аспирините“ до јуни 2026 година. Интересно е зошто Хенес го спомна Реал.

Имено, Карло Анчелоти го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до јуни 2026 година и нема да остане подолго, а Реал Мадрид работи на тоа да му понуди на Чаби Алонсо враќање на „Сантијаго Бернабеу“ како тренер кога ќе му истече договорот со Баер.

Сезоната влегува во завршна фаза по оваа пауза поради репрезентативни обврски, Баер ита кон титулата во Бундеслигата, фаворит е за пласман во финалето на Купот на Германија, а е и еден од главните кандидати за освојување на Лигата на Европа. дс

Фото: Архива

Остани поврзан