• вторник, 02 јули 2024

Каратистите на Макпетрол заминуваат на турнир во Шпанија

Каратистите на Макпетрол заминуваат на турнир во Шпанија

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Каратистите на Макпетрол, Витомир Трајковки (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84кг) ќе учествуваат на Светската младинска лига во Ла Коруња, Шпанија во периодот од 16-19  мај.

Во моментов и во период од веќе две години Витомир Трајовски (– 84 кг) е прворангиран на светската ранг листа, додека Стефан Стојановиќ е второрангиран на светската ранг листа во категоријата (+84 кг).

Со каратистите ќе биде и тренерот Петар Заборски.

Во Шпанија ќе учествуваат 3.032 спортисти од 76 држави. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан