• недела, 24 ноември 2024

Украинскиот амбасадор во Лондон, Валери Залужни: Третата светска војна почна оваа година

Украинскиот амбасадор во Лондон, Валери Залужни: Третата светска војна почна оваа година

Лондон, 21 ноември 2024 (МИА) -  Амбасадорот на Украина во Велика Британија, поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни изјави денеска дека, по директното вклучување на руски сојузници во војната против Украина, може да се смета дека започнала третата светска војна.

„Верувам дека во 2024 година, апсолутно можеме да тврдиме дека третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не се соочува со Русија. Војници од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Веќе во Украина, иранските „Шахеди“ се апсолутно отворено, без никаков срам, убиваат цивили. Ракети од северокорејско производство летаа врз Украина и тие тоа го потврдуваат. Кинески делови се користат во руски ракети“, истакна Залужни на доделувањето на наградата УП-100, пренесоа украински медиуми.

Според неговото мислење, повеќето од голем дел од војските би се согласиле дека сите пртетходно наведени фактори се причина да се каже дека светската војна започнала и дека светот треба да се подготви за неа. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан