• сабота, 13 декември 2025

Украина соопшти дека уништила 137 од 164 дрона со кои Русија синоќа ја нападнала

Украина соопшти дека уништила 137 од 164 дрона со кои Русија синоќа ја нападнала

Киев, 13 септември 2025 (МИА) – Украинските сили за противвоздушна одбрана неутрализирале 137 од 164 дрона со кои Русија синоќа ја нападнала Украина, јавија локалните медиуми.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нападот почнал вчера во 20:00 часот, кога Русија лансирала балистички проектил Искандер-М и 164 беспилотни летала.

Воздушниот напад бил одбиен од авијацијата, ракетните единици, групите за електронско војување, неименувани системски единици и мобилни групи на украинските одбранбени сили.

Вкупно 137 дрона биле соборени или неутрализирани над Северна, Јужна, Источна и Централна Украина. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Украина на Х

Остани поврзан