• четврток, 04 декември 2025

Украина по првпат доби гас од Азербејџан

Украина по првпат доби гас од Азербејџан

Киев, 28 јули 2025 (МИА) - Украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ потврди дека по првпат добила природен гас од Азербејџан преку Трансбалканскиот коридор, кој ги поврзува Бугарија, Романија и Украина, заобиколувајќи ја Русија.

„По првпат, се спроведува пробна испорака на гас преку Трансбалканската рута, по коридорот Бугарија-Романија-Украина“, се вели во соопштението на „Нафтогас“.

Трансбалканскиот коридор е алтернативна рута за транспорт на гас што ѝ овозможува на Украина да ги диверзифицира своите извори на снабдување по раскинувањето на соработката со рускиот „Газпром“ и оштетувањето на нејзината енергетска инфраструктура за време на војната. ссм/

фото: архива

Остани поврзан