• четврток, 08 август 2024

Украина бара од Мексико апсење на Путин ако дојде на инаугурацијата на новата претседателка на државата

Украина бара од Мексико апсење на Путин ако дојде на инаугурацијата на новата претседателка на државата

Мексико Сити, 9 август 2024 (МИА) -  Украинската амбасада во Мексико ја повика мексиканската влада да го уапси рускиот претседател Владимир Путин,по кој има налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС), доколку пристигне во Мексико на церемонијата на инаугурација на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум.

„Имаме доверба во мексиканската влада дека ќе го исполни меѓународниот налог за апсење“ на Путин и дека ќе го „предаде на судското тело на ОН во Хаг“, доколку тој пристигне на инаугурацијата на Шејнбаум на 1 октомври, се вели во соопштението на украинската амбасада.

Меѓународниот кривичен суд во март минатата година издаде налог за апсење на Путин, кој е обвинет за воени злосторства за депортација на деца од окупираните територии на Украина во Русија

Мексико е еден од потписниците на Римскиот статут, според кој е основан МКС. Според Римскиот статут, секој од потписниците е должен да му го предаде на МКС секој кој е одговорен за меѓународни злосторства.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан