• понеделник, 18 ноември 2024

Мелони го повика Иран да избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток

Мелони го повика Иран да избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток

Рим, 8 август 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порачала да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, јавија британските медиуми, повикувајќи се на нејзиниот кабинет.

-Мелони „ја подвлече потребата да се спречи ескалацијата на тековниот конфликт во Газа, вклучително и во Либан, и го повика (Пезешкијан) да избегне идна ескалација и повторно да го отвори патот кон дијалогот“, се вели во соопштението. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан