• петок, 28 јуни 2024

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Швајцарија со 91.000 франци

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Швајцарија со 91.000 франци

Нион, 27 јуни 2024 (МИА) - Европската куќа на фудбалот ја казни Швајцарската фудбалска федерација поради недоличното однесување на навивачите на оваа селекција на сите три натпревари од групната фаза.

Швајцареците ќе треба да уплатат вкупно 91.000 франци во касата на УЕФА.

Изречената казна беше и финансиски потешка, но раководството на швајцарскиот фудбалски сојуз поднесе жалба, па малку беше намалена. Швајцареците ја платија најтешката казна бидејќи на мечот меѓу таа селекција и Унгарија навивачите фрлаа пластични чаши во теренот, веднаш по голот на Емболо - 40.000 франци.

Тоа не е единствена казна. Швајцарија е казнета со 27.000 франци поради транспарентот на терористичка организација на натпреварот од третото коло против Германија.

Уште 24.000 франци ќе треба да плати Швајцарскиот фудбалски сојуз поради ситни испади на навивачите на мечот со Шкотска. дс

Фото: Архива

Остани поврзан