Еурофарм ги доби ривалите во Лигата на шампионите
- Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битола, 27 јуни 2024 (МИА) - Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.
Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“.
Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер:
Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад.
Новата сезона во ракометната елита ќе стартува во септември 2024 и ќе трае до Ф4-турнирот во јуни 2025 година. дс
Фото: Архива