• петок, 28 јуни 2024

Трапановски потпиша за Данди јунајтед

Трапановски потпиша за Данди јунајтед

Данди, 27 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски потпиша со Данди Јунајтед.

Македонскиот напаѓач со шкотскиот клуб потпиша договор на две сезони, со можност истиот да биде продолжен на уште 12 месеци.

- Се чувствувам многу среќен, ова е огромна можност за мене. Денес тренирав за првпат со тимот, соиграчи и персоналот беа фантастични со мене. Фудбалот е за навивачите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу одлични работи за навивачите на Данди Јунајтед и едвај го чекам првото Данди Дерби, кажа македонскиот фудбалер.

За фудбалерот кој потекнува од школата на Академија Пандев, ова нема да биде прво интернационално искуство, откако тој беше член на Славија Прага, а од таму беше позајмуван на Татран Прешов, Викторија Жижков и Подбрезова.

Сезоната 2023/2024 ја одигра во Шкупи. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан