• понеделник, 19 февруари 2024

УЕФА му изрече остра казна на ПСЖ

УЕФА му изрече остра казна на ПСЖ

Париз, 22 ноември 2023 (МИА) – УЕФА го казни ПСЖ со 98.000 евра поради низата инциденти за време на натпреварот во Лигата на шампиони против Милан (3-0), одигран на 25. октомври, објави денеска раководството тело на европскиот фудбал.

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи дека актуелниот француски шампион мора да плати 75.000 евра казна поради чадни бомби запалени на трибините, 18.000 евра поради блокирање јавните приоди и 5.000 евра поради упад на теренот.

Дополнително, УЕФА го казни ПСЖ со делумно затворање на стадионот „Паркот на принцовите“ за следниот домашен натпревар.

Од друга страна, Милан е казнет со 20.000 евра поради инциденти предизвикани од навивачите на италијанскиот клуб, како и со дополнителни 3.000 евра поради користење чадни бомби на гостинскиот сектор на стадионот во Париз. ег/ссм/

Остани поврзан